Германија ќе донира 1 милион евра помош за мигрантите
Германското министерство за надворешни работи ќе издвои 1 милион евра помош за справување со големиот прилив на мигранти .
,, Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се поддржат владите во нивната одговорност и да им се помогне на бегалците на најбрз и најефикасен начин. За таа цел и како прва итна мерка ставаме на располагање 1 милион евра за згрижувањето на бегалците во државите на Западниот Балкан. Мора да делуваме брзо и да покажеме: Европската Унија и во тешки времиња се залага за своите вредности, не ги оставаме нашите соседи сами. Тука спаѓа и фер распоредување на бегалците внатре во Европската Унија, како што сме го предложиле тоа во нашиот план за европската политика со беглаци, кој се состои од 10 точки ''- изјави министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.
Во оваа хуманитарна помош се предвидени и проекти на германскиот Црвен крст во Македонија со 200 000 евра и хуманитарна помош со храна, лекови, кебиња и вреќи за спиенје.