Германија ја заштити Македонија за нејзиното право да ја чува границата
Портпаролот на германската влада Штефан Заиберт ги отфрли тврдењата што се појавија во медиумите дека Берлин ја критикува Македонија за акцијата со која македонските гранични служби ја спречија инвазијата на бегалци од кампот Идомени.
На прашањето дали Германија ќе ја осуди употребата на гумени куршуми и солзавец против бегалците, Заиберт изјави дека обидите на бегалците да ја преминат границата е решение кое не дава надеж, а контролата на меѓународните граници во секоја земја треба да биде во рамките на меѓународните стандарди .ж
Според него Берлин е загрижен за тешките услови за сместување на бегалците на границата меѓу Македонија и Грција, како и за тензиите на границата.
Во меѓувреме од МВР ги негираат информациите за употреба на гумени куршуми од страна на македонските полицајци.
Според официјалното соопштение од нашите власти на грчко-македонската граница се користи солзавец и водени топови.
Над 3.000 бегалци се обидоа да ја преминат границата на Македонија в недела.
Од грчка страна не е добиена никаква информација. Во саботата во кампот биле раздавани флаери на арапски јазик на мигрантите со повик во неделата да се нападне границата.
Во упатството е пишан часот, местото и колку луѓе треба да се соберат, за да ја напаѓаат границата. Флаери се делат претежно од германски и британски активисти на невладиното здружение „Солидарност“, што неодамна работеше на островот Лезбос.
Ова е втор потежок инцидент во овој регион по затворањето на балканскиот правец на 7-ми март.
На 14-ти март, потпомогнати од вработени на невладини организации, над 2.500 лица упаднаа на територијата на Македонија, но само за неколку часа беа вратени назад на грчка земја.
