Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГЕРМАНИЈА ЈА ЗАГРОЗУВА ЕНЕРГЕТСКАТА СОЛИДАРНОСТ НА ЕУ“: Еве што значи тоа

„ГЕРМАНИЈА ЈА ЗАГРОЗУВА ЕНЕРГЕТСКАТА СОЛИДАРНОСТ НА ЕУ“: Еве што значи тоа

Германската  прекуграничната трговија со гас ја става на ризик енергетската солидарност на ЕУ, изјави вчера еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон.

По состанокот на министрите за енергетика од ЕУ, таа истакна дека е очигледно оти во изминатите две години „сите земји-членки кои имаат полни складишта на гас не биле товар на една земја“, пренесе Ројтерс.

„Едностраните национални мерки во форма на извозни ограничувања или давачки ја ставаат на ризик нашата енергетска солидарност и може да ги загрозат напорите за диверзификација од рускиот гас“, рече комесарот.

Симсон истакна дека поради таа ситуација била во директен контакт со германските колеги.


Слично

Поврзани вести