Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ја следи со „вознемиреност“ ситуацијата во Македонија

Германија ја следи со „вознемиреност“ ситуацијата во Македонија

Германија „со загриженост го следи развојот во Македонија“, изјавил германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во обраќањето пред Бундестагот.

Пред парламентот тој зборувал за прашањето за продолжување на мандатот на КФОР во Косово, но голем дел од изјавата посветил на ситуацијата во Македонија, пренесува „Дојче Веле“.

„Ние сме заинтересирани за стабилен и добрососедски Западен Балкан. Соодветно ги следиме настаните во различните држави не само со интерес, а понекогаш и со загриженост“, изјавил Штајнмаер.

Застанувајќи конкретно на Македонија, тој експлицитно истакнал дека го следи со загриженост развојот на кризата. „Враќањето назад не е исклучено ако политичарите не ја оправдаат својата одговорност. Минатата недела ни се чинеше дека е постигнат пробив напред, дека во блиска иднина ќе биде поплочен патот кон нови избори“, истакнал уште шефот на германската дипломатија.

Тој зборувал и конкретно за Никола Груевски: Се надевам дека тој да знае дека на патот кон Европа може да се оди успешно, само ако навистина ја сноси одговорноста и да ги зачува институциите на демократијата и правната држава, истакнал Штајнмаер .

Слично

Поврзани вести