Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ја повлече цела еврозона

Германија ја повлече цела еврозона

Бруто домашниот производ на еврозоната во последните три месеци во 2014 година пораснал повеќе од очекуваното, како резултат на забрзаната економија на Германија.

Според прелиминарните податоци на Евростат, БДП на еврозоната во четвртото минатогодишно тромесечие, на квартално ниво, пораснал 0,3 одсто, после растот од 0,2 одсто од претходниот квартал.

Во целата мината година економијата на еврозоната остварила раст од 0,9 одсто, што е благо над очекувањата но и понатаму недоволно за далеку потребниот прсврт на еврозоната.

Во споредба со истиот квартал во 2013 година, економијата на еврозоната пораснала 0,9 одсто, додека економијата на целовкупната Европска унија пораснала за 1,3 одсто.

На квартално ниво, економијата на Европската унија во последното тромесечие минатата година регистрирала раст од 0,4 одсто, додека во цела мината година остварила раст од 1,4 одсто.

Слично

Поврзани вести