Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ЈА КРЕВА РАМПАТА: Квалификуваните работници многу лесно до визи

ГЕРМАНИЈА ЈА КРЕВА РАМПАТА: Квалификуваните работници многу лесно до визи

Квалификуваните работници многу полесно ќе добиваат визи во Германија. 

Германската влада ќе го прошири системот за издавање на шестмесечни визи со кои им се дозволува на луѓето надвор од Европската унија да бараат работа. 

Ова се прави со цел да се надмине недостигот на квалификувани работници.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, рече дека визниот систем, моментално достапен за лица со универзитетска диплома, ќе биде проширен и на лица со стручни квалификации.

Зехофер вели дека Германија не сака имиграција која зависи од системот за социјална помош. Барателите на виза мора да докажат дека може да се издржуваат и да зборуваат на германски јазик.

Министерот за труд, Хубертус Хајл, рече дека владата се договорила за прагматично решение за одбиените баратели на азил кои имаат работа во Германија и се добро интегрирани.

Владата планира да им обезбеди сигурен статус, со цел да не се враќаат назад погрешни луѓе, а потоа повторно да се регрутираат квалификувани работници од трети земји.

Слично

Поврзани вести