ГЕРМАНИЈА ИЗНЕНАДУВА: Невработеноста падна на нов минимум
Стапката на невработеност во Германија падна во ноември на нов минимум, покажуваат официјални податоци, укажувајќи на тоа дека опоравувањето на најголемата европска економија продолжува.
Невработеноста сега е на најниско ниво од обединувањето на источна и западна Германија во 1990, наведува германското Министерство за труд, пренесе франс прес.
Стапката на невработеност, која го мери односот на бројот на луѓе според вкупната работоспособна популација, паднала минатиот месец на 6,3 од 6,4 одсто од октомври.
Бројот на регистрирани невработени, според сезонските достапни податоци, паднал за 13.000, наминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале намалување за околу 5000 луѓе наведува министерството.
Без сезонски прилагодувања, бројот на невработени е понизок за 16.000 и изнесувал во ноември 2,63 милиони, а стапката на невработеност мирувала на шест одсто.
Германската економија во третиот квартал пораснала за 0,3 одсто, продолжувајќи солиден тренд на растот од првите шест месеци во 2015 г. Домашната побарувачка и државна потрошувачка се клучни фактори зад кои стои економскиот раст, наведува министерството.
