ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА, ФРАНЦИЈА: Дали инфлацијата се намалува или зголемува?
Во Германија, годишната инфлација во јули се намали на 1,8 отсто, во Италија на 1,7 отсто, додека во Франција беше стабилна на 0,9 отсто, а во Шпанија се искачи на 2,7 отсто, пренесува Еуроњуз.
Годишната инфлација во eврозоната за јули изнесува два отсто, што е исто како и во јуни и е во согласност со прелиминарните проценки, објави денеска Евростат.
Во услужниот сектор на еврозоната, во јули е забележана инфлација од 3,2 отсто на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со 3,3 отсто во јуни.
Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3,3 отсто на годишно ниво, со побрзо темпо од 3,2 отсто во јуни, а цените на индустриските стоки освен енергијата за 0,8 отсто на годишно ниво, исто така забрзувајќи во споредба со 0,5 отсто во јуни.
Цените на енергијата во еврозоната се намалија за 2,4 отсто на годишно ниво.
foto freepik.com
