ГЕРМАНИЈА ИМА ПРОБЛЕМИ: Се намалуваат фабричките нарачки
Во октомври паднале германските фабрички нарачки, поради силното намалување на економската активност во земјата.
Ова навестува дека индустриското производство ќе паѓа и во наредните месеци.
Германскиот сојузен завод за статистика објави дека во октомври нарачките паднале за 0.4 отсто во однос на претходниот месец.
Во однос на октомври лани, нарачките потонале за 5.5 отсто.
Од друга страна нарачките од странство во октомври пораснале за 1.5 отсто.
Се верува дека трговските судири, глобалната неизвесност и предизвиците во автомобилската индустрија создаваат проблеми за Германија.
Слично
