Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија и Франција против влезот на Романија и Бугарија во шенген зоната

Германија и Франција против влезот на Романија и Бугарија во шенген зоната
Нема да биде постигнато решение по прашањето за влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната, откако и Франција се противи на ова одлука,објави денеска романскиот весник „Романија либера“. Весникот, исто така, наведува дека Франција, исто како Германија и Холандија, е против определување на рок за пристапување на Романија и Бугарија кон Шенген зоната, и затоа нема да биде постигнато решение по ова прашање на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел. Трите држави се незадоволни од борбата против корупцијата во Романија и Бугарија. Според весникот Австрија не е против приклучувањето на двете земји во Шенген, но се залага за постепено пристап.„Романија либера“ нагласува дека и Финска вчера објави дека ќе го блокира пристапувањето на Романија и Бугарија кон Шенген зоната пради проблеми со корупцијата во овие земји. „Не гледаме никаков напредок во Романија и Бугарија. Шенген не е само технички процес. Двете држави не одговараат дури ни на минимум критериумите за да влезат во Шенгенската зона“, изјави германскиот пратеник Маркус Фебер, јави БТА. Тој додава дека „ставот на германскиот министер за надворешни работи е целосно оправдан бидејќи нема никаков напредок. Дури и нешто повеќе, ситуацијата во двете држави се влошува“. „Ниту Бугарија ниту Романија ја добиле битката со корупцијата и затоа нема логика да ги отвораме границите“, нагласи тој    
Слично

Поврзани вести