Германија и Франција бараат заедничко решение за мигрантската криза
Германија и Франција се со став дека ЕУ треба да изнајде заедничко решение за мигрантската криза.
Високи претставници на двете земји се согласија дека ЕУ мора да ги заштити своите надворешен граница, за зачувување на слободата во Европа.
„Едностраните решенија не ни помогнат"- рече германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека Европа треба да работи со Турција да се запре протокот на мигранти.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, кажа дека Франција ќе обезбеди брод на НАТО силите распоредени во Егејското Море, меѓу Турција и Грција за да им помогне при контрола на надворешните граници на Европа.
Повеќе од 1,2 милиони луѓе аплицирале за азил, за прв пат во минатата година во ЕУ. Голем е бројот на Сиријци, ирачки и авганистански државјани. Во статистичките податоци се наведува дека 362.800 Сиријци поднеле барање за азил.
Во Европа преовладува мислењето дека заради кризата, шенгенот ќе биде во колапс.
Слично
