Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија и Европа имаат многу поопасен проблем од повлекувањето на американските војници

Германија и Европа имаат многу поопасен проблем од повлекувањето на американските војници

Иако германските власти одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на околу 5.000 војници од Германија ја оценија како симболична, аналитичарите предупредуваат дека продлабочениот јаз меѓу САД и Европа претставува далеку посериозна закана за безбедноста и економијата на континентот.

Според анализите, новите американски царини за европските автомобили, откажувањето од распоредување на напредни ракетни системи во Германија, како и последиците од конфликтот со Иран, можат значително да ја ослабнат позицијата на Европа.

Пентагон потврди дека во наредните 6 до 12 месеци ќе повлече една воена бригада од Германија, што претставува околу 14 проценти од вкупно 36.000 американски војници стационирани во земјата. Сепак, експертите сметаат дека ова намалување не е пресудно, туку дека вистинскиот проблем е откажувањето на плановите за распоредување на ракетни системи „Томахок“ и хиперсоничниот „Dark Eagle“.

  • -Ова е многу поголем проблем од симболичното намалување на бројот на војници – изјави Торстен Бенер од берлинскиот Институт за глобална јавна политика.

Според безбедносните експерти, Европа моментално нема сопствен капацитет кој може да ја замени оваа клучна способност за одвраќање, што ја прави поранлива во контекст на зголемените тензии со Русија.

Во меѓувреме, германската влада ги зголемува инвестициите во одбраната со цел до 2029 година да стане најсилна конвенционална воена сила во Европа, но аналитичарите предупредуваат дека процесот е бавен и сè уште зависен од американска поддршка.

Дополнителен притисок доаѓа и од економски аспект. Германската индустрија е погодена од трговските политики на САД, а извозот кон американскиот пазар значително опаѓа. Новите царини за автомобили, кои Трамп најави дека ќе ги зголеми од 15 на 25 проценти, дополнително ќе ја погодат клучната германска индустрија.

Истовремено, растот на цените на енергенсите поради конфликтот со Иран ги намалува очекувањата за економско закрепнување, а деловната доверба во Германија падна на најниско ниво во последните шест години.

Аналитичарите предупредуваат дека комбинацијата од безбедносни ризици, намалена американска поддршка и економски притисоци ја става Европа во исклучително ранлива позиција, што бара побрза и поодлучна стратегија за самостојно зајакнување.

Индекс.хр

Слично

Поврзани вести