Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија има огромен долг кон Грција!

Германија има огромен долг кон Грција!

162 милијарди евра изнесува долгот на Германија кон Грција кој стои уште од Втората светска војна. Од оваа сума 108 милијарди евра оштета Германија треба да плати за изградба на разурнатата инфраструктура и 54 милијарди евра окупациски кредит, што грчката влада била принудена да го даде во периодот од 1942 до 1944 година, објави германскиот весник „Шпигел“.

Вкупната сума од 162 милијарди евра е еднаква на 80 проценти од сегашниот бруто домашен производ на Грција, па затоа конентираат експертуте, ако тие средства бидат исплатени ќе се покрие поголем дел од државниот долг на земјата.

Иако германската Влада оценува дека не станува збор за компанзации на Грција, додека прашањето за грчката Влада е „исклучително чувствително“ и оти тоа може да ги наруши односите на Атина со најважниот кредитор во Европа.

Според грчките експерти кои го проучувале прашањето, Грција не добила компензации ниту за окупацискиот кредит, ниту пак за злосторствата направени кон нејзиниот народ за време на нацистичката окупација на земјата. Извештајот е заснован на 761 том архивски материјал и тоа договори, законски акти и судска решенија.

Слично

Поврзани вести