Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија и Австрија ја плашат Грција со исклучување од еврозоната

Германија и Австрија ја плашат Грција со исклучување од еврозоната

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле веќе не ја исклучува можноста за излегување на Грција од еворозоната - нешто кое до пред неколку недели многу политичари го сметаа за невозможно, соопштија светските медиуми.

Со претпоставката на Шојбле се согласи и австрискиот колега Ханс Јерг Шелинг. Пред австриската телевизија ОРФ Шојбле изјави: „Одговорноста и можноста да се одлучи што ќе се случува е на Грција и бидејќи ние не знаеме точно што прават одговорните во Грција, не можеме да ја исклучиме можноста за излез од еврозоната“. Тој исто така рече дека Атина мора да ги исполни обврските, во спротивно нема да има понатамошни исплати на оваа програма. Според него должничкиот проблем на Грција е целосно надминат.

Европа останува подготвена да и помогне на Грција, но нејзините проблеми нема да се решат, ако ги обвинува само другите за нив, изјави германскиот министер за финансии.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер вчера го критикуваше недостигот на напредок во преговорите за спасувачката програма за Грција, при средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел.

Јункер сепак истакна дека нема ризик разговорите да пропаднат, што може да доведе до излегување на земјата од еврозоната.

„Ќе се обидеме да одиме кон успешно завршување на спорните прашања“, изјави шефот на ЕК.

Двајцата повикаа европските влади да покажат „солидарност“ со Грција и да ги решат проблемите. „Нема грчки проблем, има европски проблем“, истакна Ципрас.

Слично

Поврзани вести