ГЕРМАНИЈА ГРАДИ ПЛОВЕН ТЕРМИНАЛ ЗА ГАС: Од почетокот на 2023 низ него треба да течат пет милијарди кубни метри гас
Премиерот на
германската покраина Шлезвиг-Холштајн, Даниел Гинтер, во интервју за Die Wellt, посочува дека
во градот Брунсбител на почетокот на 2023 година ќе биде пуштен во употреба
пловен терминал за течен гас.
-Работиме на тоа. Меѓу другото, за ова е потребна изградба на цевковод во должина од 2,5 километри. Разговорите се во тек. Наша цел е тоа да го постигнеме до почетокот на 2023 година, а потоа ќе можеме да внесеме до пет милијарди кубни метри ЛНГ во гасоводната мрежа. И ние ќе го направиме тоа, вели Гинтер.
Гинтер рече и дека ќе се зголеми производството на нафта на германскиот брег на Северното Море, додава весникот.
-Шлезвиг-Холштајн веќе направи огромен чекор кон иднината. Ние веќе произведуваме 160 проценти од нашите потреби за електрична енергија со обновливи извори на енергија. До 2025 година сакаме да генерираме 37 терават часови електрична енергија годишно само од обновливи извори на енергија поврзани со мрежата. Ова приближно одговара на производството на три нуклеарни централи со големина на Брокдорф. Планираниот терминал за ЛНГ во Брунсбител сигурно ќе може да се справи само со дел од количините на гас што ни се потребни во Германија, истакнува премиерот Гинтер.
ФОТО: EPA/MARTIN ZIEMER
