Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија го одобри новиот пакет за спас на Грција

Германија го одобри новиот пакет за спас на Грција

Германскиот парламент со големо мнозинство го одобри третиот спасувачки пакет за Грција, пренесоа светските агенции. До позитивното решение се стигнало и покрај противењето кон канцеларката Ангела Меркел што го сретна во своите партиски редови.

Денешното гласање е втор пат, во кој германските пратеници го прекинуваат летниот одмор поради Атина. Во поддршка на одлуката за новиот пакет за помош гласаа 454 пратеници од Долниот дом на Бундестагот. Против беа 113 лица, а 18 беа воздржани.

Иако на одобрување на планот се гледа како гаранција за широката владина коалиција на канцеларката Ангела Меркел, која држи 504 од 631 места во Бундестагот, незадоволството од обезбедувањето на нови средства за Атина расте се повеќе и тоа во блокот на Христијанско-демократскиот сојуз.

Минатиот месец 60 од 311 пратеници од парламентарната група на Меркел гласаа против започнувањето на преговори со Грција за нов спасувачки пакет мерки - непослушноста што беше дефинирана како удар врз канцеларката.

Претходно Берлин ја поздрави промената на Атина, особено откако минатиот месец на поранешниот министер за финансии на земјата и познат критичар на германските барања за штедење Јанис Варуфакис поднесе оставка.

Минатата недела Еврогрупата ја одобри третата програма за финансиска помош за Грција, во вредност 86 милијарди евра кои Атина ќе ги добие во текот на следните 3 години и ќе плаќа 32,5 години.

Парите сепак ќе дојдат, само ако Грција спроведе реформи, вклучувајќи ги пензионите, и масовна приватизација. Подоцна денес и холандскиот парламент треба да се изјасни за спасувачкиот пакет.

Слично

Поврзани вести