Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија го намали јавниот дефицит до 2,153 трилиони евра

Германија го намали јавниот дефицит до 2,153 трилиони евра

Германската, најголема економија во Европа, го намалила јавниот дефицит со 24 милијарди евра и за 2015 година предвиде дефицит од 2,153 трилиони евра.

Ова го соопшти денес Централната банка на земјата, пренесоа медиумите.

Пресметано кон бруто домашниот производ (БДП), или релативната големина на германскиот јавен долг се намалува до 71,2% за минатата година од 74,7% за 2014 година, пресметуваат од Бундесбанк.

Според европското законодавство јавниот долг на една земја не треба да надминува 60% од БДП. Покрај тоа просечната големина на јавниот долг во ЕУ е во износ од 86%, а како што објави  Германија целта е да го намали својот долг под лимитот од три петини до 2020 година.

Германија предвиде вишок од 2014 година благодарение на отпорноста на германската економија и ниските каматни стапки, а владата го користи буџетскиот вишок, за да се намали севкупниот износ на долгот.

Според Бундесбанк економскиот раст на земјата за минатата година во износ од 1,6% придонесува за 2,7 процентни поени намалување на нивото на јавен долг.

Слично

Поврзани вести