ГЕРМАНИЈА ГО АКТИВИРАШЕ СИСТЕМОТ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА ПОРАДИ МОЖЕН ПРЕКИН НА ГАС: Министерот Хабек се одлучи на ваков чекот
Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека
германските власти „не прифаќаат кршење на приватните договори“ за испорака на
гас, објави RT, пренесува B92.
Како што истакна на прес-конференцијата, со овој став се согласуваат и германските компании.
Хабек изјави и дека Германија го активирала системот за рано предупредување за вонредна ситуација во случај на прекин на испораките на гас од Русија.
„За да бидам подготвен за таа ситуација, денеска ја активирав првата фаза од системот за рано предупредување - тоа е првото од трите можни нивоа. Се работи за следење на ситуацијата“, рече Хабек.
Во Министерството ќе се формира кризен штаб.
Слично
