ГЕРМАНИЈА ГИ ВРАЌА ЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН: Ројтерс има увид во нацрт документ за одложување на нивното затворање
Германија размислува да го прекине планираното затворање на
електрани на јаглен, како дел од пакетот мерки за намалување на зависноста од
руската енергија и ублажување на товарот од високите цени на енергијата, се вели
во нацрт-документот во кој увид
имаше Ројтерс.
Иако владата останува посветена на планот за постепено укинување на јагленот до 2030 година, во нацрт-законот се наведува дека одложувањето на затворањето на електраните на јаглен ќе биде во функција на намалување на потрошувачката на гас во производството на електрична енергија.
- Како дел од тоа, исклучувањето на електраните на јаглен може да биде суспендирано на неодредено време во согласност со мислењето на Федералната агенција за мрежа - се наведува во нацртот.
Според документот, мерките ќе вклучуваат и доделување заеми со ниски камати на компании кои имаат проблеми со ликвидноста поради високите цени на енергијата.
ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN