Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ги отвора вратите за работа на сите со бугарски пасоши од 2014

Германија ги отвора вратите за работа на сите со бугарски пасоши од 2014
Интересот на Македонските државјани за работа во странство станува се поголем. Но, наплив на работници во Германија се очекува во 2014 кога бугарските државјани ќе можат слободно да работат во оваа земја, што ќе биде интересно и за сите македонски државјани со бугарски пасоши. Интерес за работа во последно време има и за Катар, Словенија. Оваа година во Германија на работа ќе може да заминат 570 работници. Германската влада секоја година утврдува квота на работници кои може да се пратат од Македонија во Германија. Инаку, Македонија и Германија имаат потпишано Спогодба за вработување на работници од македонски претпријатија со седиште на територијата на македонската договорна странка за изведување на проектни договори уште во 1995 година. „Сина карта“ за вработување во Германија се доделува на две групи. Првата е со годишна плата од најмалку 46.400 евра и се однесува на лица кои имаат завршено високо образование во Германија. Втората група е за стручни кадри, дефицитарни во Германија во областа на медицината информатиката и комуникациските технологии. Освен бараните квалификации, предуслов за работна дозвола е и работно искуство од најмалку две години во бараната област. Германија веќе го отвори пазарот за работна сила што доаѓа од земји не-членки на ЕУ. Отселувањето на работници уште повеќе ќе се зголеми, кога од јануари 2014 година оваа земја ќе го отвори пазарот и за бугарските државјани, значи за сите оние кои имаат бугарски пасош. Словенија Македонија и Словенија во обид да овозможат зацврстување на стопанската, индустриската и техничката соработка, на  27 февруари  2007 година во Скопје потпишаа Договор за вработување на сезонски работници. „Овој Договор ќе претрпи извесни корекциии со цел подобрување на квалитетот на соработката  и поедноставување на постапката за упатување на сезонски работници“, изјавија неодамна од Министерството за труд и социјална политика. Катар Македонија и Катар во 2011 година потпишаа Договор за регулирање на вработувањето на работна сила во Државата  Катар. Согласно Договорот, катарското министерство за труд, му ги доставува на македонското  министерството за труд и социјална политика, барањата за вработување од работодавачите во Државата Катар за вработување на работна сила од Република Македонија. „Во овој Договор склучен помеѓу двете држави се уредени и обврските на работодавачот да ги сноси сите патни трошоци на работниците од Република Македонија до работното место во Државата Катар кога првпат ќе се вклучат во работата, а исто така, ќе ги сноси трошоците на нивното враќање од Катар на крајот на нивниот работен однос. Работодавачот исто така  ќе ги сноси патните трошоци на работниците во двата правци во текот на периодите на отсуство. Овие трошоци не ги покриваат трошоците за издавање пасош или плаќање на какви било депозити, велат од министерството за труд и социјална политика“, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.   
Слично

Поврзани вести