Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ги објави просечните плати на 100-те најпопуларни професии - најниската е 1.600, највисоката до 6.150 евра

Германија ги објави просечните плати на 100-те најпопуларни професии - најниската е 1.600, највисоката до 6.150 евра

Сојузната агенција за вработување на Германија, заради транспарентност, ги објави просечните бруто износи на платите минатата година за 100-те најпопуларни професии, а според таа листа, највисоко платени биле пилотите, кои заработиле повеќе од 6.150 евра, колку што биле платени лекарите и ревизорите. 

Највисоките износи на платите ги следат градежните или електроинженерите со 5.246, односно 5.934 евра, додека најниско платените се продавачи во пекари, фризери и рецепционери, со плати од 1.600 до 1.900 евра.

Според пописот, геријатриска медицинска сестра минатата година заработила 3.032 евра, архитектите 4.087 и пекарите 3.502 евра. Медицинскиот асистент заработил 2.448 евра бруто, оптичарот 2.448, продавачот на слатки 1.839, рецепционерот 1.807, фризерката 1.684, а келнерот 1.934 евра.

Возачот на багерот имал просечна бруто-месечна плата од 3.421 евра, службеник во банка 4.875 евра, професионален возач 2.556 евра и возач на автобус 2.556 евра.

Електричарите, на пример, во Германија минатата година заработуваа просечно по 3.143 евра месечно бруто, електромеханичар 3.694, воспитувач 3.598 и керамичар 3.003 евра.

На инструкторите за возење во просек им се исплаќаа по 2.837 евра бруто месечно, на возачот на вилушкар му биле платени 2.677, на водоводџија 3.056, а на чистачите на згради 2.080 евра.

Минатата година, графички дизајнер во Германија добивал 3.322 бруто месечно, портир 2.889, додека куќна помошничка заработувала 2.140 евра. Индустрискиот службеник добил 3.624, неговиот колега механичар 3.922, додека на ИТ-експертот му биле исплатени 4.236 евра.

На правниците им се исплаќаа просечно 3.307 евра, благајник во продавници 2.214, автомеханичари 3.077, готвачи 2.284 и молери 2.776 евра. Наставник во основно училиште имал просечна плата од 4.318 евра, наставник во средно училиште 5.488, додека ѕидар заработил 3.214 евра.

На машински инженер му биле исплатени 5.652 евра, медицинско-технички лаборант 3.456, металостругар 3.738, болничар во амбуланта 3.404 евра и физиотерапевт 2.513 евра.

На психологот во просек му плаќале 4.537 евра бруто месечно, на ПР менаџерот 4.436, на програмерот 4.644, на бродскиот механичар 3.953, на ковачот 3.050, а на дрводелецот 3.153 евра.



Слично

Поврзани вести