Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија бара возачи на камиони, им треба огромен број

Германија бара возачи на камиони, им треба огромен број

На Германија ѝ недостасуваат повеќе од 120.000 возачи на камиони.

Германските шпедитери ги повикаа политичарите итно да преземат мерки за да се намали сериозниот недостиг од возачи на камиони, пренесуваат германските медиуми.

„Во моментов ни недостасуваат повеќе од 120.000 возачи на товарни возила, а ситуацијата може дополнително да се влоши“, изјави за агенцијата Ројтерс Дирк Енгелхардт, портпарол на Сојузот на германските шпедитери (BGL).

Тој вели дека секоја година во пензија заминуваат меѓу 30.000 и 35.000 возачи, додека на пазарот на труд влегуваат само 15.000 до 20.000 нови возачи.

Иако со години постојат иницијативи дел од товарниот транспорт да се пренасочи кон железницата, во Германија и натаму околу 80 отсто од стоката се превезува по патен сообраќај.

Слично

Поврзани вести