Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија бара работници што не се од ЕУ, шанса и за Македонци

Германија бара работници што не се од ЕУ, шанса и за Македонци
Германската агенција за вработување објави оглас за работници во повеќе области за лица кои не се државјани на ЕУ и може да аплицираат бидејќи има дефицит на квалитетен кадар. Оваа шанса може да ја искористат и Македонците, а за тоа не им треба бугарски пасош. Најбарани се медицинските сестри кои имаат одлични примања во Германија со плата од над 2000 евра, а високо ценети се и електроинженерите, машинските инженери, информатичарите и програмерите. За да се конкурира на работните места, потребно да се приложи доказ за стекнатото образование и да се испочитуваат правилата за стекнување право на престој во Германија. „Постои шанса и за работниците кои не се од ЕУ да ги добијат работните места, бидејќи овие професии се многу барани во Германија, за нема доволно домашни кандидати“ – велат од германската Агенција за вработување. Во Германија се одлеаа и многу медицински кадри од Македонија, а добра цена „држат“ и софтверските инженери.
Слично

Поврзани вести