Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Еве кои се најплатени професии

ГЕРМАНИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Еве кои се најплатени професии

Германија е многу чест избор на печалбарите од Балканот, особено за високообразованите. Но, тоа е случајно.

Според најновото истражување во Германија најмногу заработуваат докторите. Тие во просек земаат по 77.950 евра бруто годишно. „Само" 65.040 евра е сумата која годишно ја земаат правниците, додека инженерите и IT професионалците заработуваат околу 59.000 евра годишно.

По сектори, најдобро платени се работниците во банкарството (62.541 евра), фармацијата (59.990 евра) и индустријата за возила (59.727 евра).

Податоците покажуваат дека во различни делови на државата платите се различни. На пример, во Саксонија-Анхалт просечната плата е 38.309 евра годишно. Полошо се заработува и во Мекленбург- Западна Померанија (39.377 евра), Саксонија (40.022 евра), Браденбург (40.022 евра) и Тирингија (40.213 евра). Најдобро се заработува во Хесе, Баварија и Баден – Виртемберг.

Министерството за економија неодамна предупреди дека во Германија до 2020 година ќе недостасуваат 1.3 милиони работници. Високообразованите во оваа земја заработуваат 35% повеќе отколку оние без факултет. Докторите заработуваат за 16% повеќе од магистрите – во просек 64.419 евра.

Вработените во помалите компании заработуваат речиси 10 проценти помалку од оние кои работат во поголеми компании.

Иако станува збор за земја членка на ЕУ, каде што се наложува да има полова еднаквост, во Германија припадниците на посилнот пол годишно земаат повеќе плата од жените (пр. докторите во просек повеќе од 16.720 евра). -

 (Извор: Eмагазин)
Слично

Поврзани вести