Германија бара работници за туризам
Се бараат луѓе за работа во туристичкиот сектор на Германија.
Овие кадри би требало до крајот на 2016 година да почнат со работа.
Тие ќе имаат и бонус - бесплатна храна за време на работа.
Достапни се работни места во хотели и во областа на гастрономијата во ресторани „McDonald's" во Франкфурт и регионот.
Платите се околу 2.054 евра, според професионалните квалификации и искуство, а во „McDonald's" се плаќаат по 8,60 евра по час.
Се бараат работници за полно работно време од 38,8 часа неделно.
Потребно е солидно познавање на германскиот јазик.
Кандидатите треба да испратат по електронска пошта автобиографија во EUROPASS формат (задолжително) на германски или англиски јазик, мотивационо писмо, сертификати во оригинал и со превод, документи за образование, препораки (доколку има) до компаниите кои бараат кадри.
Сите документи треба да се преведени на германски или англиски јазик според барањата на конкретните понуди.
