Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија бара негуватели и детски воспитувачи

Германија бара негуватели и детски воспитувачи

На Германија итно и требаат половина милион негуватели и детски воспитувачи.

Сојузот на германските општини алармира дека им се потребни кадри за работа. Од 2026 година ќе стапи во сила законското право на целодневна грижа во основните училишта. Тогаш на околу еден милион деца ќе им треба дополнителна грижа.

„Нашите пресметки покажуваат дека во наредните години ќе недостасуваат околу 230.000 воспитувачи во детските градинки и околу 300.000 негуватели“, изјави директорот на организацијата Хелмут Деди.

Инаку, Германија е ветена земја за луѓето од Балканот. Голем дел од населението мигрираше токму во оваа земја. 

Слично

Поврзани вести