Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците срушија рекорд со консумирањето на јајца

Германците срушија рекорд со консумирањето на јајца

Во Германија e срушен рекордот, oдносно секој Германец во 2024 година просечно изел 249 јајца. Кога станува збор за јајца, германските фарми покриваа само 72 проценти од домашните потреби.

Потрошувачката на живинско месо по глава на жител минатата година достигна рекордни 13,6 килограми, што е за половина килограм повеќе отколку во 2023 година. 

Германското земјоделство, барем математички кажано, можеше целосно да ја покрие домашната потрошувачка на живинско месо, пренесува ДПА.

Во сегашниот бран на птичји грип, повеќе од половина милион животни веќе се убиени превентивно со цел да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата, според податоците од Институтот Фридрих-Лефлер.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести