Германците ќе даваат по 1.200 евра без работа
Германија ќе прави експеримент со универзален основен доход од 1.200 евра месечно, три години, и тоа без работа.
До денес претпладне, над 480.000 граѓани веќе се пријавиле да учествуваат, според веб-страницата „Пилотпроект Грундкомен“.
Економисти и активисти го започнаа првото долгорочно истражување за универзален основен доход кое би можело да помогне во изнаоѓање решенија за последиците од корона кризата, објави германскиот институт за економски истражувања DIW.
Во првата фаза во истражувањето ќе бидат опфатени 120 учесници кои ќе бидат избрани по случаен избор. До крајот бројот на учесници треба да се зголеми на 1.500.
Ваков експеримент се спроведуваше во Финска, со цел да се види какви ефекти ќе даде кај населението.
Месечен чек од 560 евра им исплатувала најсреќната земја во светот на своите граѓани, во текот на две години.Во 2017 година Финска беше првата земја во Европа, која во рамки на социјален експеримент, на невработените почна да им исплаќа основна месечна заработка од 560 евра, со цел намалување на државната бирократија и сиромаштија и зголемување на невработеноста.
