Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците ја прекинаа доставата на оружје на Косово?

Германците ја прекинаа доставата на оружје на Косово?
Според текстот во  денешното издание на косовскиот весник „Трибуна“, еден од најголемите производители на оружје во Германија, компанијата „Хеклер и Кох“ го раскинала договорот за испорака на своите производи на Косово. Весникот пишува дека германската компанијата се откажала од соработка со Косово поради заради несериозност на своите косовски клиенти, како и законските проблеми, односно поради „заплетканото законодавство, кое во пракса е невозможно да не се прекршува“. „Компанијата решила дека е подобро да го изгуби пазарот отколку да дојде во ситуација да се соочи со законски проблеми“,  пишува Трибуна“ и додава дека ова било одлука на раководството на „Хеклер и Кох“. германската компанијата на Косово дистрибуираше оружје за полицијата и косовските сили за безбедност.
Слично

Поврзани вести