ГЕРМАНЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ: Работниците им стареат, каде да најдат нови
Во средината на следната деценија на Германците ќе им требаат работници, затоа што оние кои се од „бејби бум“ генерацијата ќе заминат во пензија, а тоа може да се одрази и на економскиот раст.
Бројот на работоспособно население во 2025 година ќе биде исто како и во 2016 година.
Со тоа економскиот раст ќе биде околу 1%.
Германија изминатите години беше економски мотор во Европа, а во 2016 година растот им беше 1.9%.
Невработеноста падна на 5.8%, и тоа е најниско од 1990 година.
Во следните години бројот на Германци на возраст од 60 и 75 години ќе порасне над 3 милиони.
Оние од 45 до 54 години ќе паднат со над 3 милиони.
Луѓето на возраст од 15 до 29 години ќе бидат помалку со 2.5 милиони.
Имиграцијата ќе придонесе извесно време да се неутрализираат ефектите од стареењето на нацијата.
