Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ ИМ ЗАДАДОА УДАР: Дојче банка заплени 20 тона злато од оваа земја

ГЕРМАНЦИТЕ ИМ ЗАДАДОА УДАР: Дојче банка заплени 20 тона злато од оваа земја

Венецуела во мај продала 15 тона злато во вредност од 570 милиони долари од резервите на централната банка и така ги спуштила резервите на најниско ниво за 29 години.

Тие сега вредат 7,9 милијарди долари. Дојче банка АГ запленила 20 тони злато во сопственост на Венецуела и го користи како колатерал откако Каракас не го исполни билатералниот договор за замена на златото во вредност од 750 милиони долари.

Венецуела доби готовински кредит од Дојче банка согласно со финансискиот договор од 2016 година, кој требало да истекне во 2021 година.

Извори тврдеа дека банката одлучила да го раскине договорот кога Венецуела претходно годинава пропушти да го плати долгот за претпријатијата.

До ова дојде кога венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гваидо покажа подготвеност да преговара за условите со Дојче банка, која би можела да им даде депозит од 120 милиони долари, кои не би можел да ги преземе официјалниот претседател на Венецуела Николас Мадуро.

Слично

Поврзани вести