Германците и Французите се со најголемо лично богатство
Германците имаат најмногу лично богатство во Европа. По нив следат Французите.
Oва го покажува швајцарска студија објавена денеска. Личното богатство на Германците се проценува на околу 16,4 трилиони евра, а втора на листата е Франција со 12,6 трилиони евра. Велика Британија и Италија имаат по 10 трилиони, според Redesigning Financial Services (RSH) од Цирих.
Личното богатство се зголеми во овие земји во 2020 година, првата година од пандемијата, и покрај падот на БДП. Германија има најмногу милионери, 2,9 милиони, а Велика Британија и Франција 2,5 милиони. Швајцарија има најголем број милионери во однос на нејзината популација. Дури 14,1 отсто од Швајцарците се милионери.
Според извештај на Credit Suissea за средината на 2019 година, Швајцарците беа граѓани кои поседуваат најскап имот во светот. Средствата по глава на жител во Швајцарија изнесуваа 509.882 евра. Тие беа 20 пати побогати од Балканците.
Слично
