Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците ги имаат највисоките цени на горивата во историјата

Германците ги имаат највисоките цени на горивата во историјата

Коригирани се цените на горивата во Германија. 

Тие сега се најскапи во историјата и го урнаа рекордот од 2012 година. Германскиот автоклуб ADAC објави дека цените на дизелот и на бензинот се на историски највисоки нивоа, пишува агенцијата ДПА. Цената на бензинот во Германија вчера беше 1,712 евро, а на дизелот 1,640 евро за литар. Досегашниот рекорд беше од 13 септември 2012 година кога литар бензин супер чинел 1,709 евро.

Цените на нафтата на светските берзи се зголемија минатата недела, достигнувајќи нови највисоки нивоа во последниве повеќе од седум години. Причината е тоа што трговците се плашат од прекини во снабдувањето поради украинската криза.

Слично

Поврзани вести