Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ БАРААТ РЕКОРДЕН БРОЈ РАБОТНИЦИ: Ова се бараните професии

ГЕРМАНЦИТЕ БАРААТ РЕКОРДЕН БРОЈ РАБОТНИЦИ: Ова се бараните професии

Овој месец Германија побарува рекорден број на работници, а највеќе се бараат луѓе од секторот на информативно - комуникациската технологија. 

Од 2005 година наваму ако се погледне, сега потребата од работна сила е најголема. 

Бројот на работните места е зголемен во стопанството. 

Раст на слободни работни места има во малопродажбата, индустриското производство и јавна управа. 

Иако прогнозите за раст се намалени за оваа 2018 година, сепак Германија е земја со економска благосостојба. 

Ниската невработеност им овозможува на работниците да се чувствуваат сигурни и да менуваат работни места. 

Невработеноста обично расте во лето поради заминувањето на годишни одмори, но има и огласи кои долго време не се пополнети. 

Сепак, од 1990 година наваму сега е забележан најмал број на невработени луѓе во Германија. 

Слично

Поврзани вести