Герила акција во Грција, топоним напишан на македонски
Во герила акција патоказ во Грција е напишан и на македонски јазик.
Во медиумите се појави фотографија со двојазична табла за македонското село Неред, на која на грчки пишува Полипотамо и на кирилица Неред.
Неколку пати македонските активисти во Грција преку вакви акции се обидуваат да покренат некаква акција меѓу жителите на македонските села и локалните власти за отворање на ова прашање за непочитување на топонимите од Грција како држава.
Политиката на преименување од македонските во грчки имиња во северна Грција почнала во 1918 и траела се до 1925 година, со што биле сменети имињата на 800 села и градови.
Слично
