ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО БИТОЛА: „За почиста Битола, затворете го градоначалникот“
Битолските демонстранти синоќа во герила акција ја наполнија со пена фонтаната на плоштад и порачаа „за почиста Битола, затворете го градоначалникот, ова е перална кај којно“.
Во пената ставија пасош и над него напишаа „за 2 че (Двојче) извини шо се видовме“.
Основниот суд Скопје 1 вчера го одби барањето на СЈО за притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески во случајот „Транспортер“ каде се товари дека правел малверзации со училишен превоз.
Оваа герила акција се случи откако вчера судот му го одзема пасошот на Талески како мерка за обезбедување.
Слично
