Герила акција во Битола за градоначалникот Талески
Герила акција имаше денеска на прес- конференцијата што напладне се одржа на магистралниот пат Битола – Ресен, каде се врши реконструкција на патот.
Со транспарент „ Честито аболиција“ и печатени пари со ликот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески се појавија граѓани во моментот кога се подготвуваа градоначалниците и министерот да дадат изјави за медиумите.
Присутен беше градоначалнкот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и директорот на ЈП Државни патишта, Александар Стојанов.
Слично
