Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герила акција, почнува протест во Скопје

Герила акција, почнува протест во Скопје
Пред зградата на Специјалното јавно обвинителство се собираaт голема група граѓани. Маршрутата е како и претходните денови, а пред Собранието се очекува да се соберат неколку илјади граѓани. Иницијативата „Протестирам” спроведе герила акции на улица „Партизанска” во Скопје, непосредно пред почетокот на денешниот протест. Демонстрантите веќе втора недела  бараат оставка од претседателот по скандалозната одлука за  аболиција на 56 лица, продолжување на истрагите и одговорност на сите кои биле вмешани во криминални дејствија, одделување на партијата од државата, како и одложување на изборите се додека не се создадат услови за фер натпревар. Ќе се протестира во повеќе градови, со што се шират протестите. Граѓанскиот протест е во организација на здружението „Протестирам".    
Слично

Поврзани вести