Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герхард Шредер влегува во Одборот на директори на „Гаспром“

Герхард Шредер влегува во Одборот на директори на „Гаспром“

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е предложен за член на одборот на директори на „Гаспром“, државната руска енергетска компанија која стои зад гасоводот „Северен тек 2“, меѓу останатите имиња кои се номинирани за водство на управата.

Следната фаза е тие да бидат официјално изгласани во јуни за време на состанокот на акционерите во Санкт Петербург.

Шредер, инаку долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, пред една недела во неговиот подкаст за кризата на истокот рече дека Украина, а не Русија, „мавта со сабја“.

Официјални политички функционери во Германија по оваа вест побараа на Шредер да му се одземе пензијата.


Слично

Поврзани вести