Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во денешното интервју за грчкиот весник „Реал њуз“,  јави дописничката на МИА од Атина.

За трите меморандуми што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, Герапетритис изјави дека „ќе ги донесат во соодветниот политички момент“ и повтори дека ратификацијата зависи од „доследното и целосното спроведување на Договорот од Преспа“, бидејќи освен прашањето за уставното име, постојат и други суштински нерешени прашања“.

„Реалноста е дека сакаме да ги донесеме меморандумите за ратификација, бидејќи и ние во принцип се согласуваме со европскиот пат на Северна Македонија. Меѓутоа, ова не може да се случи, доколку не постои целосно и опипливо усогласување со Договорот од Преспа. Да не заборавиме дека имплементацијата на Договорот е јасен предуслов за интегративниот процес на Северна Македонија“, вели шефот на грчката дипломатија.

Во однос на реакцијата на официјална Атина за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, Герапетритис посочи дека беше брза, но според него и „повеќедимензионална и ефикасна“.

Вели дека реалноста е дека денес политичкото раководство на Северна Македонија веќе е и под внатрешен притисок. 

Грција се закани со вето ако Македонија не го почитува Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести