Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгиевски: ВМРО-Народна партија нема да се спои со ВМРО-ДПМНЕ!

Георгиевски: ВМРО-Народна партија нема да се спои со ВМРО-ДПМНЕ!

Откако се прошири информацијата дека Георгиевски и Груевски ги зближија ставовите и се речиси договорени повторно да бидат заедно, од ВМРО - Народна партија и Георгиевски ја демантираат информацијата.

ВМРО - Народна партија нема да се спои со ВМРО-ДПМНЕ, и немало никакви планови и активности кои водат кон таа насока.

„Јас навистина не знам зошто некои кругови во СДСМ ја форсираат таа приказна, но во неа нема ни ронка вистина. Јас со години сум опозиционер и останувам тоа, што не значи дека за некои прашања нема да имам различни ставови од СДСМ. Тоа кај никого не треба да предизвикува нервоза“ изјавил Георгиевски.

Тој смета дека оваа приказна е  последица на играта на нерви меѓу Зоран Заев и Никола Груевски.

„Не гледам никаква причина за таквите шпекулации, ниту можам да го видам мотивот на Груевски за едно такво спојување“ додал тој.

Слично

Поврзани вести