Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгиевски тврди – стариот печат на ВМРО-ДПМНЕ не е кај него

Георгиевски тврди – стариот печат на ВМРО-ДПМНЕ не е кај него
ВМРО Народна партија тврдат дека нивниот лидер Љубчо Георгиевскки уште во 2003 година го предал партискиот печат на сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Предавањето било извршено во пријателска атмосфера, веднаш по лидерската смена во ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Охрид во 2003 година, појаснуваат од новата партија на Георгиевски. Нивното тврдење е реакција на вчерашното објаснување од ВМРО-ДПМНЕ дека печатот кој се појавува на документите презентирани од опозицискиот лидер Зоран Заев е стар и оти со него се користело поранешното раководство на партијата. „Објаснувањето на господинот Илија Димовски дека на 02.11.2004 година ВМРО-ДПМНЕ добило печат со различен изглед не ја исклучува можноста партијата да го задржала кај себе и стариот печат како би можела да го користи за вакви или слични дејанија, како што е во случајот со најновото обвинение од страна на СДСМ“, соопштина од ВМРО-НП. СДСМ вчера обвинија дека документите со овој печат докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во кеш зела 80.000 евра од донатор, пари кои не биле евидентирани во финансиските извештаи на партијата.
Слично

Поврзани вести