Георгиевски: Не сакам да му бидам во кожа на тимот на ВМРО-ДПМНЕ
Колку и однадвор да изгледа монолитна, на ВМРО-ДПМНЕ може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа нема да остане ништо. Тешко ќе се извлече од таквата ситуација, ако не промени нешто“, вели поранешниот лидер на партијата, Љубчо Георгиевски во интервју за Призма.
Поранешниот премиер вели дека во моментов не сака да им биде во кожа на членовите на владеачката гарнитура .
„Од процесите што ги гледам во јавноста, претпоставувам дека многу од членовите се наоѓаат во едно внатрешно преиспитување. Да не беше стравот од СДСМ, дека ако дојде на власт ќе брка и разрешува, овој процес ќе одеше побрзо и порадикално. Сега стравот од она што ги очекува утре, е тој што ги држи во каква-таква кохезија. Тие се под огромен стрес. Ја плаќаат цената на тоталитарниот систем што го воведоа, а требаше целосно да го заборавиме. Долго време 'заеднички именител' на тамошниот збир од разни структури беше што подолго да се биде на власт, а сега е - како да се зачуваат кожата и слободата. Тие одамна направија дистанца од мене, а денес пак, јас не сакам да сум во нивна кожа“, вели Георгиевски.
Целото интервју може да го прочитате овде.
Слично
