Георгиевски: Македонија ќе стане четврта муслиманска држава во Европа
На следниот попис во Македонија во 2021 година Македонците ќе бидат малцинство.
Ова, го изјавил Љубчо Георгиевски, поранешбиот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-Народна партија во интервју за емисијата Слободна зона чиј водител бил Георги Коритаров на ТВ +, пренесуваат бугарски медиуми.
Љубчо Георгиевски изјавил дека по Албанија, Косово и Босна, Македонија ќе стане четврта муслиманска држава во Европа.
Како што соопштуваат медиумите Георгиевски рекол дека локалното население торбеши и Босанци се запишуваат како Албанци. Тој бил категоричен дека политиката која ја поддржува, е за брз компромис за името на Македонија со Грција и брз влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Георгиевски бил категоричен дека идејата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ е чисто македонска идеја, која се појавува во внатрешноста на Македонија.
