ВИДЕО Георгиевски: Државата не смее да ја изгуби правдата како основен принцип
Во анализа на 24 вести синоќа лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски изјави дека на почетокот на објавување на бомбите мислел дека е тоа дело на Верушевски, но сега веќе е јасно дека зад масовното прислушување стојат Никола Груевски и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков.
Георгиевски вели дека државата не може да ја изгуби правдата како основен принцип. Додава дека од оваа власт многу луѓе се затворени за даночни затајувања и даде пример како тоа се решава во западните земји. Тој се согласува со констатацијата и од домашната стручна јавност и од меѓународната заедница дека со помилувањето претседателот Ѓорѓе Иванов го погребал Пржинскиот договор. Георгиевски ги објасни своите ставови за аболицијата. Целата емисија можете да ја погледнете подолу.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/i2V2NBqO9ig[/embed]