Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгиевски до Милковски: СДСМ ти го подари Гранит, а нашата Влада ти даде над 50 милиони евра работа!

Георгиевски до Милковски: СДСМ ти го подари Гранит, а нашата Влада ти даде над 50 милиони евра работа!

По текстот на Фактор во објавеното Досие за  првиот човек на Гранит Страшо Милковски и гигантскиот подем на Гранит поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО Народна Партија Љубчо Георгиевски со одговор и реакција за порталот Актуелно24.мк вели дека во периодот 1998-2000 година Страшо Милковски имал многу сериозен политички притисок и второ, во списокот на работите кои ги добивал Гранит за периодот од 1998 до 2002 година не е ставена ниту една работа која ја има добиено од тогашната влада.

Георгиевски вели дека во описот на својата биографија г-динот Милковски го заборава периодот од 1990 до 1998 година кога беше главна политичка фигура на СДСМ во Делчево.

„Тоа е период во кој тој воспостави комплетна политичка диктатура на територијата на општина Делчево зашто има многу живи сведоци, а водеше и персонална битка против мене терајќи ги многу мои роднини и лични пријатели да се откажуваат од мене и да зборуваат со директни напади колку што можат повеќе. Диктатурата за која денес се обвинуваат многу локални моќници на ВМРО ДПМНЕ е детска градинка спрема онаа што Страшо Милковски го имаше направено со Делчево.

Како награда на неговата директна пресија во мојот роден град на Страшо Милковски директно му беше поклонет Гранит. Сакаме да ја потсетиме Македонската јавност дека целиот раководен тим беше против него, а СДСМ насила го донесе на чело на оваа компанија. Во тој момент почна насилството над акционерите на Гранит, или да ги продадат за смешна сума своите акции на Страшо или ќе останат без работа. Така што неговиот коментар дека од политика ништо не добил нека си го расчистат внатре во СДСМ, таму нека го повикаат и нека им објасни кој му го даде Гранит.

Со нашето доаѓање на власт 1998 година како што почнаа ревизиите во повеќе фирми така беше направена ревизија и на Гранит и како што самиот вели биле подготвувани 7 до 8 кривични пријави за него. Неможам да се сетам на содржината на тие кривични пријави, но сигурно не биле тенденциозни и без основа. Но, многу добро се сеќавам дека амбасадор акредитиран од една земја членка на НАТО дојде директно да бара од мене да ги запреме сите процеси против Страшо Милковски, дури тоа го постави и како можен политички проблем“, вели Георгиевски.

Понатаму Георгиевски објаснува дека: „Независно од оваа ситуација, а според нашата филозофија и политика во тоа време, ВМРО ДПМНЕ водеше економска политика која имаше за цел да им помогне на сите градежни компании во Македонија. Ние го заборавивме дејствувањето на Страшо Милковски до 1998 година и го третиравме како субјект рамен на сите. Ќе го потсетам господинот Страшо дека како Влада сме заслужни за добивањето на неговите бизниси во Бугарија, Албанија и Украина. Иако во периодот 1998 до 2002 година не ставил ни еден проект сакаме да го потсетиме на неговите лични зборови кога ги гушкаше Балковски и Арнаудов дека од Владата на ВМРО ДПМНЕ има добиено за над 50 милиони евра работа внатре во Македонија, најмногу од било која Влада.

Ќе го потсетам само на неколку: Обиколницата околу Скопје, Браната Лошана, бројни стамбени згради, Блаце граничниот премин, стотици локални патишта, му ги доплативме долговите од СДСМ за автопатот Тетово-Скопје, вклучен беше во сите градежни проекти на ЕСМ и плус во ископот на рудниците. Нека го повика директорот на 11то градилиште Владо Велиновски кој секоја недела им повторуваше на вмровците во Делчево дека Гранит зема плата само од Владата. Впрочем, не е тешко тоа да се провери и нека си ги видат договорите внатре во фирмата во перидот од 1998 до 2002 година и самите договори ќе им кажат колку работи имаат добиено од таа Влада.

И на крај, како дополнителен коментар во текстот на Фактор.мк Георгиевски вели дека кога Страшо Милковски станал директор на Гранит фирмата имала 8.000 вработени а денес оваа фирма има 1.500 вработени.

Слично

Поврзани вести