Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерираат вработувања, билдаат приходи! Кои се најголемите „гринфилд“ инвестиции?

Генерираат вработувања, билдаат приходи! Кои се најголемите „гринфилд“ инвестиции?

Во најголемите сто фирми лани, девет се странски гринфилд инвестиции. Заедно, во нашиот БДП учествуваат со повеќе од 2,2 милијарди евра. Беа силен бедем во економскиот фронт против корона кризата!

Странските директни инвестиции ја крепат македонската економија! Во овие тешки времиња во кои корона кризата само го зголеми и продлабочи негативното влијаение врз домашната економија, големите „грин филд инвестиции“ беа силна брана за ублажување на негативните ефекти особено затоа што беа чадор на бројни домашни фирми во улога на контрактори, подизведувачи, одржувачи.

И во 2020 година во најголемите сто компании според остварените приходи од продажба (според податоци од Централниот регистар) девет се странски инвестиции, дел од нив работат во индустриските зони.

Убедливо и неспоредливо најголема компанија во македонскиот економски систем е „Џонсон Мети“ дел од меѓународната автомобилска корпорација и компанијата специјализирана за производство на катализаторските системи за автомобилската индустрија. Лани оваа компанија со седиште близу Скопје, извесе стоки во вредност од 1,75 милијарди евра. Нејзиниот извоз е 8 отсто помал од претходната година, а добивката е 68,6 милиони евра и тоа ја прави најпрофитабилна фирма (изразено во апсолутен износ).

Втор најголем „гринфилд“ генератор на приходи лани е битолскиот производител од автомобилската индустрија Кромберг & Шуберт. Оваа компанија лани оствари приход од 200,5 милиони евра, а годината ја заврши со загуба од 422.000 евра заради компликациите врз бизнисот предизвикани од корона кризата.

Гигантот за производство на автобуси Ван Хоол лани годината ја заврши со приходи од 120 милиони евра и добивка од 8,2 милиони евра.

Најголем генератор на вработувања во регионот од Кочани до македонско-бугарската граница е Амфенол Индустрис истотака дел од автомобиската индустрија. Ова друштво лани оствари приходи во износ од 90,5 милиони евра и во овие тешки времиња успеа да ја зголеми продажбата за 6 отсто во однос на 2019 година.

Најголемата производна единица во Велес е Маркарт МКД дел од глобален корпорациски ланец за производство на автомобилски делови. И лани оваа компанија се најде на листата на најголеми според остварените приходи кои изнесуваат 75,8 милиони евра и во однос на претходната година се пониски за 7 отсто.

На листата на најголемите се уште и Џонсон Сејфти Системс со седиште во Штип, Дрекслмаер од Кавадарци , Костал од Охрид и Гентерм од Прилеп. Штипската фирма е специјализирана за навлаки и ентериер на автомобили лани оствари 65 милиони евра приходи што е речиси на исто ниво како и претходната година. Кавадаречкиот гигант и фирма која е најголем вработувач во тој регион лани оствари приход од 59,6 милиони евра и ним корона кризата им „чепна“ 10 отсто од приходите.

Најголем раст лани има охридски „Костал“ кој успеа продажбата да ја зголеми за 50 отсто во споредба со 2019 година. Лани од продажба генерирал приходи во износ од 57,6 милиони евра.

Најголем удар од короната лани имала прилепската компанија Гентерм која изгуби 50 отсто од приходите во однос на 2019 година, но и покрај тоа е дел од стоте најголеми македонски фирми со приход од 28,2 милиони евра.

Р.Ф.


Слично

Поврзани вести