Генералот Ангелов во Скопје ќе се обиде да ја ослободи МРТВ, а власта денеска во Битола ќе ја покажува силата!
За воља на вистината Генералот, полека но сиурно ги придобива симпатиите, на делот од граѓанството кое смета дека „веќе е премногу“. Во 12 часот тој најави „ослободување“ на МРТВ, како резултат на игнорантскиот однос кој го има уредувачката политика во поглед на емитувањето на бомбите кој ги пушта опозицијата.
„Патриотот секогаш мора да биде подготвен да ја одбрани својата земја од својата влада! Дојдете ДЕНЕС во 12.00 часот пред МРТ. Барем ислушајте ме. Не мора да се согласувате со мене. Без насилство! Со љубов!“, напиша Ангелов на својот профил на Фејсбук, порачувајќи дека „Во ниеден филм лошите не си одат сами! Се појавуваат добрите и ги бркаат!“.
И додека во МРТВ уредувачката политика ја злоупотреба службената положба и овластување, караванот продолжува да си врви. Тој денеска е во вториот по големина град во Македонија. Имено во спортската сала Младост, во 13 часот ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да покаже дека „бомбите“ ништо не му можат, односно дека тие за кои се наменети не се повредени од нивната детонација.
Добрата организација која никогаш не и недостасувала на партијата на власт , гарантира масовност. Посебно доколку се има во предвид фактот дека оранизаторите уште за во Скопје најавија форма на задолжително присуство, ако не за другите, за членството и за администрацијата , сиурно.
Партиските собири низ цела Македонија се еден вид одговор на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата за злоупотреба на власта што последниве месеци ги упатува опозициската СДСМ, а кои ги поткрепува со снимки од телефонски разговори, кои според нивните тврдења ги прислушувала власта.
