Генералниот штрајк се радикализира, утре ќе има блокади
Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) соопшти дека работниците на велешка „Колска“ кои се дел од јавниот сектор, утре, ќе блокираат возови (железничкиот сообраќај) преку протест што ќе започне во 07:30 часот на железничка станица Велес, а работниците на фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ ќе го изразат својот револт од игнорантскиот однос на владините функционери за проблемите со кои се соочуваат.
„Протестот што утре ќе се одржи на железничката станица во Велес со блокада на железничкиот сообраќај во државата го организира основната синдикална организација во фабриката ,,Колска" при СРСВМ во ССМ, а претседателот на ССМ Димовски заедно тимот од ССМ ќе бидат со работниците“, велат од ССМ.
Додаваат дека другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени.
Слично
