Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот секретар на НАТО утре доаѓа во Скопје!

Генералниот секретар на НАТО утре доаѓа во Скопје!
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен утре попладне треба да допатува во Скопје, како дел од неговата балканска турнеја, објави прес-службата на Алијансата. Според соопштението, Расмусен во Скопје ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за одбрана Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Нешто по 15 часот е предвидено во Владата да одржи и пресконференција за македонските новинари заедно со Груевски. Македонските власти досега не ја најавиле посетата на високиот гостин од Брисел. Македонија очекува многу од претстојниот НАТО Самит во Велика Британија есенва, особено со оглед на актуелните случувања на меѓународната политичка сцена и настаните во Украина. Сепак претставниците на Алијансата неколкупати досега повторуваат оти за одблокирање на македонската евроатлантска перспектива, неопходно е решение на спорот околу името. Пред Македонија, Расмусен денеска ја посети Босна и Херцеговина, а ќе преноќи во Црна Гора, каде е предвидено да се сретне со претседателот Филип Вујановиќ, премиерот Мило Ѓукановиќ, шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ, министерката за одбрана Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ и со претседателот на црногорскиот Парламент Ранко Кривокапиќ. Според најавите од Брисел, неговата посета на регионот има за цел да ја нагласи поддршката на НАТО за Балканот.
Слично

Поврзани вести